Готвењето не мора да биде комплицирано. Запомнете ги старите јадења што ни ги готвеше баба. Претежно се здрави и лесно се подготвуваат. Така е и со овој рецепт.
Состојки:
- 600 гр боранија
- 1 кромид
- 3 моркови
- 2 компири
- 1 домат
- 1 зелена пиперка
- 4 чешниња лук
- магдонос
- масло
- црвен пипер
Подготовка:
Испржете исечен кромид и морков и ситно исечкана пиперка во масло.
- Advertisement -
Додадете боранија и компири и се добро издинстајте, додадете исецкани излупени домати и лук.
Вријте на тивок оган се додека да омекне боранијата, а потоа додадете сол и лист од магдонос.
Пријатно јадење!