Печете леб со смеса од мелено месо во рерна и почестете се со фантастични брускети.




Доколку сте организирале дружба со пријателите, послужете им брускети со мелено месо. Печениот леб и месото посипано со сирење гарантирано ќе ги воодушеват гостите, а можете да го јадете и како вечера. Послужете со брускети и салата од американска зелка. Подготовката е толку едноставна и нема да извалкате многу садови.
Состојки:
- 10 парчиња леб
- 300 гр мелено месо
- 1 јајце
- 30 мл млеко
- 130 гр тврдо сирење
- 1 кромид
- 20 гр путер
- прстофат сода бикарбона
- мелен црвен пипер, ким, мајчина душица
Подготовка:




Во меленото месо додадете јајце, млеко, кромид и рендано сирење. Додадете сол и бибер, па зачинете со слатка пиперка, мајчина душица, ким и сода бикарбона.




Добро промешајте. Лебот премачкајте го со масло, па смесата додадете ја со меленото месо. Се редат на плех и се посипуваат со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 190 ° C околу 20 минути.




Пријатно!