Наместо пире од компири или тестенини, послужете брокула печена со сирење.




Прилогот што многумина избегнуваат да го јадат поради мирисот сега ќе го обожаваат. Брокулата печете ја во рерна со сирење, па послужете ја со месото по избор. Сирењето му дава посебен вкус на овој зеленчук, особено кога го мешате со лук.




- Advertisement -
Се прави од 3 намирници за помалку од половина час, па нема да ви одземе многу време.
Состојки:
- брокула
- 2-3 чешниња лук
- тврдо сирење по желба
Подготовка:
Во тавче ставете ја брокулата, па посипете ја со мелено лукче и рендано сирење. Печете на 190 ° C околу 25 минути.




Ете толку е едноставно а премногу вкусно.




Пријатно!