Брз ручек со колбаси: Сосот е толку кремаст и вкусен!

Вреди да се проба:

Брз и лесен, а сосот е толку кремаст и вкусен… и наместо колбас можете да користите што сакате… може да бидат пилешки гради, пушен врат, печеница, шунка, дури и свински коцки што ќе ги печете малку подолго, но јадењето ќе биде одлично!

Состојки:

  • 350 гр колбаси
  • 1 кромид
  • 1 лажица брашно
  • 100 мл масло
  • 200 мл павлака за готвење
  • 1 лажица сув зачин
  • малку магдонос, босилек, власец
  • малку сол и бибер
  • 300 гр тестенини по ваш избор
  • 500 мл вода

Подготовка:

Колбасот исечкајте го на прстени и испржете го на масло. Извадете го од маслото и додадете го исечканиот кромид и малку вода, па испржете го кромидот, оставете го да се пржи во маслото и кога ќе испари водата, а потоа додадете го брашното и мешајте неколку минути.

- Advertisement -

Истурете вода во садот, додадете тестенини и промешајте. Кога ќе зоврие, додадете го колбасот и неутралната павлака, како и сув зачин. Оставете на тивок оган да се готви и мешајте повремено.

Најдобро е да се работи во сад што не лепи. Кога тестенините се скоро готови и вишокот вода испарил, додадете зачини, пробајте, а доколку е потребно додадете малку сол и додадете прстофат бибер. Послужете веднаш топло.

Ако не јадете веднаш, тогаш немојте да ја правите со тестенини, бидејќи сосот и тестенините ќе се затегнат ако отстојат заедно па нема да изгледа убаво. Во тој случај, тестенините згответе ги одделно, па пред да ги послужите, натопете ги во врела вода, оставете ги да отстојат 5 минути и потоа исцедете ги.

И, сосот што го правите со пржење на колбасот, извадете го колбасот, испржете го кромидот и брашното, истурете 100 мл вода и неутрална павлака, а кога ќе зоврие, вратете го колбасот и оставете уште малку да врие.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!