Брз ручек од печен карфиол и прокељ со суво овошје!

Вреди да се проба:

Реклама

Брзиот ручек од печен карфиол и прокељ со сушено овошје се подготвува за не повеќе од 25 минути и е многу вкусен и здрав оброк.

Состојки:

  • 300 гр прокељ
  • 1 глава карфиол
  • 100 гр суво грозје (може и брусница)
  • маслиново масло
  • Оцет
  • 100 гр бадеми (може да бидат и ореви)
  • 150 гр Пармезан
  • лута сушена пиперка
  • бибер
  • сол

Подготовка:

Прокељот исчистете го, по потреба и листовите, измијте ги и ако се преголеми пресечете ги на половина или помали.

Реклама

Карфиолот искршете го на цветови, а поголемите исечете ги на 2-3 дела. Заедно со прокељот се става во сад, се прелива со маслиново масло, сол, бибер и се додава лута сушена пиперка. Се убаво измешајте, префрлете го во плех обложен со хартија и печете во загреана рерна (загрејте на 200, па намалете на 180 степени) околу 20-25 минути.

Во меѓувреме, прелијте го сувото грозје (или брусница) со вода и оцет. Ставете во микробранова печка 2 минути, а можете да оставите и да зоврие во тава и да ја впие течноста.

Реклама

Кога зеленчукот е готов, префрлете го во сад, прелијте го со натопеното овошје, убаво измешајте, додадете една шака сечкани бадеми, ореви и на крај пармезан рендан.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -