Брз и лесен рецепт за домашно ВИНО ОД КАПИНИ: Успешно се бори против холестерол и анемија!

Вреди да се проба:

Реклама

Виното од капини често се користи како природен лек за многу болести.

Се покажало добро во борбата против холестеролот и обезбедува идеална заштита за срцето и крвните садови. Затоа ви препорачуваме да го пробате нашиот рецепт и да го направите овој вкусен и лековит напиток.

Реклама

Состојки:

  • 10 кг капини
  • 10 кг шеќер

Во зависност од количината на вино што сакате да го направите, ја одредувате и количината на капини што ќе ја користите.

Подготовка:

Околу 10 килограми шеќер одат за 10 килограми капини. Свежите капини истурете ги во буриња или во поголем сад кој е претходно исчистен и убаво изгмечете ги за да се ослободи сокот додека не се формира кашеста маса.

Реклама

Додадете шеќер и измешајте додека целосно не се соедини. После тоа, во исчистените стаклени шишиња истурете го виното од капини, а капачињата не ги затворајте целосно, за да не испука виното поради вриење.

Овие шишиња оставете ги на сонце 60 дена, а потоа можете да ја процедите содржината. Затворете ги шишињата со тапи и чувајте ги на ладно место.

Виното од капини поради тоа што го зголемува лачењето на естроген и содржи високо ниво на манган, виното од капини е одличен сојузник во спречувањето на остеопорозата, особено кај луѓето над 50 години, бидејќи ги зајакнува коските и спречува скршеници, а помага и за заздравување после скршеници. Тој е вистински еликсир на здравјето, обезбедува виталност и придонесува за подобрување на општата состојба на здравјето на луѓето.

- Advertisement -

Кога ќе го спомнеме здравјето, општо познато е дека виното од ова овошје се препорачува за анемични луѓе, а кога ќе ги посетите трудниците, сигурно нема да згрешите ако им донесете вино од капини, кое исто така многу им се допаѓа.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -