Брз и едноставен колач со нежен и заводлив вкус – Вистинско уживање за љубителите на кокос!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова дефинитивно е вистинско уживање за сите љубители на кокосот. Не пропуштајте да го направите овој колач со кокос и да уживате во неверојатниот вкус.

Состојки:

  • 4 големи јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 1 кесичка 2во1 кафе
  • 1 лажица какао
  • 1 прашок за печиво
  • 100 мл масло
  • 100 мл вода

Состојки за крем:

Реклама
  • 1 литар млеко
  • 7 лажици остро брашно
  • 150 г шеќер
  • 150 г путер
  • 150 г кокос
  • кокос за наросување

Начин на подготовка:

Најпрво разматете го брашното за кремот со 200-300 мл ладно млеко за да добиете смеса без грутчиња, а остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете го да зоврие.

Смесата со брашното истурете ја во врелото млеко со постојано мешање и гответе додека да згусне. Потоа тргнете го кремот на страна за да излади.

Реклама

За подготовка на кората, изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата со миксер, да бидат пенасти. Измешајте го брашното, какаото, прашокот за печиво и кафето 2 во 1. Постепено, лесно мешајќи, додавајте во изматените јајца.

На крај, многу полека додадете и промешајте масло и вода. Во тепсијата ставете хартија за печење, па преку неа излејте ја приготвената смеса за кора.

Ставете да се пече на 200 степени околу 20-тина минути или проверете со чепкалка дали е печено.

- Advertisement -

Кога кремот е изладен, во него додадете путер на собна температура, па добро изматете со миксер. Ќе добиете многу убав воздушест крем. На крај додадете го и кокосот.

Кога кората е печена прекријте ја тепсијата со некоја тацна, па превртете ја за да падне кората на неа. Отстранете ја хартијата и рамномерно размачкајте го кремот врз неа. Одозгора наросете кокос, па ставете во фрижидер убаво да се ислади. Потоа сечете го на коцки и послужете.

Извор: recepti-i-zdravlje.info

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -