Реклама
Ако сакате да ги изненадите домашните и гостите со интересен специјалитет еве еден таков рецепт за вас. Не бара многу време за подготовка а сите ќе бидат изненадени од вкусот.
Состојки:
- 500 гр сирење
- 40 гр путер
- 5 јајца
- 1-2 домати
- 5 лути пиперки, свежи или суви
- црн пипер
- црвен пипер
- 1 лажица масло
Подготовка:
Сирењето се сече на 5 еднакви парчиња. Во подмачкани садови може да бидат глинени, ставете по 1 парче сирење, 1 круг домат и дел од путерот.
Реклама
Печете во загреана рерна околу 5 минути на 220 степени. Додадете по едно јајце во секој сад одозгора и по една лута пиперка одозгора.
Ѓувечињата се посипуваат со малку путер, и со црвен пипер на крај. Повторно ставете ги во рерна за да ги испечете јајцата.
Реклама
На здравје!