БРЗО Е, ЕВТИНО И ИМАТЕ СЕ ДОМА: Ако не знаете што да подготвите за ручек, МОРА да го пробате ова јадење!

Вреди да се проба:

Ако сте уморни од јадењата  што ги правите цело време, можеби ќе ви се допадне овој предлог. Економично е, практично и многу вкусно! Користете ги намирниците што ги имате дома и подгответе брз, ефтин и вкусен оброк.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 кромид
  • 1 среден морков
  • 3-4 чешниња лук
  • 3 варени јајца
  • зачини: сув зеленчук, бибер, пиперка, оригано
  • 3 лажици масло

За прелив:

- Advertisement -
  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша млеко (200 ml)

Повеќе:

  • 1 лажица палента
  • малку сусам
  • малку кашкавал по ваш избор

Подготовка:

Излупете го компирот, изрендајте и сварете го. Над компирите додадете рендан кромид и морков, сецкан лук и рендано варено јајце. Зачинете, а потоа промешајте. Додадете го маслото, а потоа промешајте повторно.

За преливот: Изматете ги јајцата, потоа додадете јогурт и млеко, па промешајте.

Истурете ја смесата со компири во огноотпорен сад, наредете убаво и прелијте со подготвената смеса. Посипете со палента и семе од сусам. Печете во загреана рерна на 200 ° C околу 30 минути. На крај, над него изрендајте малку кашкавал.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!