Брзи фритули: Најлесниот рецепт за омилениот зимски десерт…

Вреди да се проба:

Реклама

За многумина фритулите се како симбол на зимскиот период. За уживање во овој десерт не ви е потребно големо кулинарско искуство. Ние ви го претставуваме и најлесниот рецепт со чија помош можете да ги направите.

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр. меко брашно
  • 1 големо јајце
  • 1 јаболко
  • 180 гр. јогурт
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица ракија
  • 1 лажица рум
  • 2 мали лажички брашно за пециво
  • прстофат сол
  • 1 литар масло (за пржење)

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад измешајте го јајцето со шеќерот и солта. Потоа додаете ситно изрендано јаболко, јогурт и рум. Во друг сад измешајте го брашното со прашокот за пециво, па додадете го во првата смеса.

Реклама

Ставете масло во длабок сад за пржење. Запомнете фритулите не смеат да го допираат дното туку мораат да пливаат во маснотијата па регулирајте ја количината на маслото имајќи го тоа на ум.

Маслото загрејте го на средна температура. Ако маслото е премногу врело, фритулите брзо ќе потемнат и ќе изгорат и нема да се надујат.

Реклама

Со мала лажица земете малку смеса и со помош на друга лажица лесно спуштајте ги во маслото. Оставете простор помеѓу фритулите и немојте премногу да го полните садот за пржење со цел да се испржат убаво од сите страни и лесно превртувајте ги.

Ако забележите дека не се вртат, вртете ги со помош на виљушка.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -