Ако сакате да грицкате нешто помеѓу оброците, тогаш не заборавајте да ги направите овие брзи закуски.
Состојки:
- 100 гр сирење
- 75 гр ладен путер
- 120 гр брашно
- сол
- 2 лажички сушени ароматични билки (босилек,оригано,ким,мајчина душица,лук)
- 1 лажичка куркума
- 1 јајце
- 2 лажици ладна вода
Подготовка:
Во сад измешајте брашно, сол, билки, куркума, додадете сирење, ладен путер. Изматете го јајцето со ладна вода и додадете во мешавината на брашно. Месете го тестото.
- Advertisement -
На набрашнета површина, истурете го тестото и растегнете дебелина од околу 0,3 см, а потоа исечете триаголници. Направете дупчиња со цевче за да ги декорирате грицките. Посипете со ароматични билки.
Печете во загреана рерна околу 12-14 минути на 210°С.