Брзи путер лепиња – Вкусни, меки и воздушести!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете ги овие прекрасни пувкави лешиња кои потсетуваат на меки и нежни облачиња.

Состојки:

  • 480 гр брашно,
  • 220 гр павлака,
  • 200 мл вода,
  • 1 кесичка прашок за пециво (10 гр.),
  • 1 лажичка сол,
  • 1 лажичка масло.

За премачкување:

Реклама
  • 100 гр растопен путер,
  • прстофат ситно сечкан магдонос.

Подготовка:

Павлаката, водата и солта се мешаат со маталка, па се додаваат брашното и прашокот за пециво. Тестото се замесува со рака, кое е малку лепливо.

Замесеното тесто прелијте го со една лажичка масло, па месете уште малку за маслото да се распореди насекаде.

Реклама

На работната површина, како и на тестото посипете малку брашно и тестото поделете го на два дела. Расукајте го секој дел по малку, па исечете го на 5 еднакви дела, за да има вкупно 10. Од секој нов дел обликувајте топче. Наредете ги топчињата во чинија посипана со брашно и покријте ги за да не се исуши тестото. Оставете малку да отстои.

На работната површина повторно посипете го брашното и секое топче расукајте го на дијаметар од 10-12 см. Потоа се пече во тавче од двете страни по неколку минути додека не добие убава боја и убаво да нарасне.

Измешајте ги сечканиот магдонос и стопениот путер, а потоа исчеткајте ја секоја испечена лепиња. Најдобро е да ги јадете додека се топли!

- Advertisement -

Можете да ги јадете без прелив, но со прелив од путер тие се сто пати повкусни!

Во продолжение погледнете го видеото за подготовка на овие лепиња.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -