Брзи печива со сирење: Уште побрзо исчезнуваат од масата!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Брзи печива со сирење – затоа што брзо се прават, но уште побрзо исчезнуваат.

Кога ќе ги извадите од рерна толку топли, голема е веројатноста половина од тавата сами да ја смачкате. Однадвор се прекрасно крцкави, а внатре шупливи и меки. За љубителите на грицки со свежо сирење, со еден збор фантазија!

За да го замесите тестото нема да ви требаат повеќе од десет минути, единствена „болка“ е да почекате еден час тестото да отстои во фрижидер. Ако повеќе ви одговара, можете да го замесите тестото навечер, а да ги испечете наутро. Колку подолго тестото остане ладно, толку подобро.

Состојки:

  • 500 гр свежо сирење
  • 250 гр маргарин
  • 2-3 лажички сол (во зависност од соленоста на сирењето)
  • 450 гр меко брашно
  • 1 прашок за пециво
- Advertisement -

Повеќе:

  • 1 јајце за премачкување
  • сусам за посипување

Подготовка:

Во поголем пластичен сад се додаваат сирењето, маргаринот на собна температура исечкан на коцки и сето убаво се меша со вилушка да се соедини.

Додадете брашно и прашок за пециво, па со рака замесете мазно тесто. Тестото ќе биде прилично меко и малку лепливо, но не додавајте повеќе брашно, така треба да биде. Само се замесува кратко за да се соедини во компактно тесто, бидејќи колку подолго месите, толку тестото ќе стане полепливо. Покријте го со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер еден час.

Работната површина набрашнете ја и изладеното тесто истресете го. Расукајте со сукало до дебелина од околу 1 cm и исечете ги баровите со саканата големина. Можат да бидат и колачи. Наредете ги во голем плех обложен со хартија за печење.

Премачкајте ги со изматено јајце, посипете ги со сусам и печете во загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути, додека убаво не поруменат. Веднаш потоа побрзајте на јадење бидејќи топли се најдобри!

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...

ПОХУВАНИ МАСЛИНКИ: Необично посно мезе ќе биде хит на трпезата!

Ви предлагаме да додадете посно мезе што освојува од првиот залак. Невообичаено и интересно мезе е секогаш добар начин да се покажете како одлична домаќинка....
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!