Реклама
Превкусни, меки лепиња кои се прават за само 15 минути.




Состојки:
- 200 мл. јогурт
- 200 гр. брашно
- 50 гр. царевично брашно
- 2 лажички сол
- пола лажичка сода бикарбона




Подготовка:
Во длабок сад се мешаат сите состојки заедно, прво со лажица а потоа се продолжуба со месење на тестото со раце.
Реклама




Тестото се вади од садот, се става на набрашнета површина се разамесува убаво меко тесто. Се дели тестото на 6 еднакви топчиња и се ставаат во намаслен плех за печење.




Се печат во загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови, околу 10 минути.
Реклама




Испечените лепиња се вадат од рерна и одозгора се премачкуваат со ладна вода, или со мокри раце може да преминете преку нив.
Се оставаат малку да се оладат, па се служат средно топли.



