БРЗИ КРОФНИ ОД РЕРНА: Златни, меки и сочни – без пржење!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Единствена негативна страна на крофните е пржењето на масло, а со овој рецепт го избегнавме и тоа. Крофните печени во рерна се сочни и погодни за полнење

Крофните по овој рецепт се големи и меки, внатре шупливи и многу погодни за полнење. Најдобро е што се печат во рерна, па избегнувате да ги пржите во масло.

Состојки:

  • 40 гр свеж квасец
  • 900 гр остро брашно + околу 100 гр меко брашно за месење и обликување,
  • 4 цели јајца
  • 300 мл јогурт
  • 200 мл вода
  • 150 гр шеќер + околу 150 гр за валкање на крофните,
  • 150 гр маргарин + 100 гр за премачкување.

Подготовка:

- Advertisement -

Растворете го квасецот во млака вода и додадете една лажица шеќер. Во садот истурете ги брашното, јогуртот, јајцата, остатокот од шеќерот, растопениот маргарин и квасецот кој е оставен неколку минути.

Тестото соединете го со миксер за да биде меко и лепливо. Направете го убаво и еднакво па оставете го да отстои еден час, за да се удвои во големина.

Кога тестото ќе нарасне, работната површина посипете ја со меко брашно, истресете го тестото и месете нежно и полека. Површината и тестото повторно посипете ги со брашно и расукајте ги со сукало до дебелина од 1 – 1,5 см.

Извадете ги крофните со чаша и ставете ги во плех што сте го премачкале со маргарин. Погрижете се да оставите простор помеѓу крофните бидејќи многу ќе нараснат, а поради тоа сигурно нема да ви стигне еден плех.

Првиот плех со крофни оставете го да отстои 15 минути, па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Кога рерната ќе се загрее и крофните ќе се удвојат во големина, оставете ги да се печат додека не добијат светло кафена боја. Додека се печат, растопете го остатокот од маргаринот и веднаш штом ќе ги извадите од рерна, веднаш премачкајте ги крофните и валкајте ги во шеќер, или мешавина од шеќер и цимет.

Уживајте!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!