Ќе ве воодушеви со едноставната подготовка и извонредниот вкус.
Состојки:
- 250 гр бисквити
- 150 гр кикирики
- 1/4 маргарин
- 8 лажици шеќер
- 2,5 дл млеко
- 100 гр млечно чоколадо
- 1 лажица масло
Подготовка:
Ставете млеко, шеќер и маргарин да се варат. Тргнете од оган, а потоа додадете мелени бисквити и изблендирани кикирики.
Комбинирајте се добро и измешајте. Ставете фолија на послужавник и раширете ја топлата смеса со сукало до дебелина од 2 см. Оставете во фрижидер да се олади и оставете да отстои најмалку два часа.
Извадете ја смесата и исечете ги краевите, за да биде рамно насекаде, па исечете на коцки. Растопете го чоколадото со маслото и измешајте се добро.
Земете чепкалка за заби и натопете ја во чоколадо, забодете ја коцката и потоа потопете ги коцките во чоколадото, па забодете ја чепкалката во стиропор. На тој начин нема оставени отпечатоци и неискористено чоколадо.
Можете да посипете бело чоколадо одозгора ако сакате.
Уживајте!