Врвно слатко задоволство. Се прави брзо и уште побрзо се јаде.
Состојки:
- 200 гр шеќер
- 300 гр брашно
- 180 гр млечен јогурт
- 1 лажиче сода бикарбона
- половина чаша масло
Прелив:
- Advertisement -
- 10 лажици шеќер
- 2 дцл пастеризирано млеко 2,8% мм
- 100 гр маргарин
- 3 лажици какао
Подготовка:
Ставете ги сите состојки за тестото во сад и изматете ја смесата добро додека не стане мазна и еднаква. Истурете ја во плех со хартија за печење и печете на 200 степени 25-30 минути, а потоа оставете го тестото да одмори околу пет минути.
Преливот подгответе го така што ќе ги ставите сите состојки во еден сад да зовријат се додека не станат еднаква мазна смеса.
Потоа кората која ја изпековте односно тортата исечете ја на коцки и прелијте ја со преливот кој го подготвивте. Оставете тортата добро да го апсорбира сирупот, а потоа послужете ја.
Уживајте!