Реклама
Никогаш не брзајте кога подготвувате вкусно јадење како оваа пилешка супа.




Состојки:
- 1 помал кромид
- 1 морков
- 1 корен од пашканат
- 1 целер
- 1 глава карфиол
- 200 – 300 гр пилешко
- сол, бибер




Подготовка:
Исецкајте ги кромидот, морковите, пашканатот и целерот и ставете да се пропржат кратко. Потоа додадете пилешко на коцки и добро пропржете го. Кога ќе се запржи додадете го карфиолот и прелијте со вода.
Реклама




Додадете сол и бибер по вкус. Сето ова оставете го да се крчка околу половина час за да се омекнат зеленчуците и да се соединат нивните вкусови. На крајот како додаток доколку сакате можете да ставите една мала кисела павлака измешана со една жолчка од јајце за да ја направите погуста супата.




Добар апетит!