Реклама
Ова е брз и лесен рецепт што ќе ги израдува пријателите кои се вегани, но и сите што се грижат за своето здравје!




Состојки:
- 150 гр брашно од леблебија
- 60 гр пченкарен скроб
- 60 гр свеж спанаќ
- 260 мл вода
- половина лажичка сол




Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте. Додавањето вода ја регулира густината на смесата.
Реклама




Истурете половина голема лажица од смесата на загреана тава и печете околу 2 минути, од двете страни, исто како и обичните палачинки.




Уживајте во овие здрави и вкусни палачинки!