Брза закуска за пријателите: Направете сос од топено сирење и послужете со чипс!

Ако ви доаѓаат гости, направете го овој сос кој се прави за 15 минути и послужете го со чипс по ваша желба.

Состојки:

  • 2 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • 1 чаша млеко
  • 2 чаши сецкан кашкавал
  • 1/2 лажиче сол
  •  малку бибер

Подготовка:

Се топи путерот, потоа се додава брашното и се меша неколку минути. Полека додавајте го млекото и мешајте цело време за да не се формираат грутки. Потоа додадете го кашкавалот и варете додека не се стопи, 5 минути, а потоа додадете сол и бибер.

Уживајте!

error: Содржината е заклучена!