Иако апетитката, лутеницата и лутиjката навидум се многу слични, сепак се разликуваат според рецептот и се приготвуваат на различен начин. Овој рецепт за апетитка е наменет буквално за сечиј вкус, а воедно е многу лесна и едноставна за подготвка.




Резултатот е прекрасен – деликатесна апетитка за во претстојните зимски денови.
Потребни состојки:
- 2 кг домати
- 1 кг црвен пипер
- 1 главица лук
- 1 чаша шеќер ( чаша за чај од 200 мл.)
- 1 чаша масло
- 1 чаша оцет
- 3 лажици сол
- 1/2 лажичка црн бибер




Начин на подготовка:
Најпрво се приготвуваат доматите и пиперот. Доматите се мелат на ситно, се пасираат или се блендираат со блендер. Добиеното доматно пире се прецедува, за да се оддели семето и се става смесата во тенџере на оган, да врие се додека се згусти. Во меѓувреме се печат пиперките и се лупат. Потоа се сечат на лентички.




Магдоносот и лукот се чистат и се сецкаат на ситно.
Во посебен сад за готвење се додаваат маслото, оцетот, шеќерот и солта и се остава да зоврие смесата. Откако ќе зоврие во смесата се додава подготвенте сечкнаи пиперки и се оставаат да се варат околу 5 минути. Потоа се додава и згустеното доматно пире и ситно сецканиот магдонос и лук.




Се готви кратко колку да се соедини смесата убаво и потоа се трга од оган, апетитката е спремна за да се собере во тегли.
Наполнете ги претходно подготвените тегли, убаво затворете ги со капачиња и ставете ги во шерпа. Додадете вода во шерпата и ставете ја на оган, оставете да се вари апетитката околу 5-10 минути.




Пријатен апетит!