Тестото можете да го чувате во фрижидер ден-два завиткано во проѕирна фолија.




Aко отсекогаш сте се восхитувале на шарените тестенини, сега можете лесно да ги направите дома. За тестото не ви требаат многу состојки, а за да го обоите потребни ви се магдонос, куркума, цвекло и доматно пире.




Вака направените тестенини ќе ги воодушеват сите и ќе ја украсат трпезата. Ако треба полесно да го замесите тестото, додадете повеќе вода или брашно.
Тесто од магдонос:
- грст свежи листови од магдонос
- 5 лажици вода
- 2 лажици масло
- 125 гр брашно
- прстофат сол
Подготовка:




Измешајте ги листовите магдонос, водата и маслото. Соединете со миксер, па процедете го и добиениот сок истурете го во брашното и солта. Месете го тестото додека не стане мазно, па завиткајте го во проѕирна фолија и оставете половина час.
Тесто од куркума:
- 1 лажица куркума во прав
- 2 лажици масло
- 5 лажици вода
- 125 гр брашно
- прстофат сол
Подготовка:




Измешајте куркума, масло и вода. Добиената смеса додадете ја во брашното и солта, па замесете мазно и тврдо тесто. Завиткајте во проѕирна фолија и оставете да одмори.
Тесто од цвекло:
- 1 мало или половина сварено цвекло
- 2 лажици растително масло
- 5 лажици вода
- 125 гр брашно
- прстофат сол
Подготовка:




Ова тесто се прави исто како она од магдонос. Измешајте ги цвеклото, маслото и водата. Се соединуваат со миксер, па се додаваат во брашното и солта. Замесете мазно и тврдо тесто и завиткајте го во проѕирна фолија.
Тесто од доматно пире:
- 2 лажици масло
- 2 лажици доматно пире
- 4 лажици вода
- прстофат сол
- 125 гр брашно
Подготовка:




Убаво соединете ја водата, маслото, доматното пире и додадете ги во брашното и солта. Месете додека не добиете мазно и тврдо тесто. Оставете во проѕирна фолија да одмори 30 минути.
Пријатно!