БОСАНСКА МАСЛЕНИЦА: Вака се прави најдоброто тесто за пити и бурек!

Вреди да се проба:

Ако сте љубител на пити, гибаница и домашна кори, овој рецепт е одличен избор за вас.

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 380 мл млака вода
  • 5 лажици масло
  • 15 гр сол

За прелив:

  • 150 гр маргарин
  • 150 мл павлака за готвење
  • 50 мл масло

Подготовка:

Додадете сол во брашното, а потоа полека додавајте вода. Се меша со голема лажица или со рака. Потоа додадете го маслото. Измешајте се добро. Тестото мора да биде меко, но не лепливо за рацете. Ако лепи, додадете малку повеќе брашно. Префрлете се на подлога за мешање, измесете добро, па преполовете и направете две топчиња. Посипете со брашно и оставете да отстои 5 минути. Потоа повторно размесете го.

- Advertisement -

Ставете брашно во тава за печење, а потоа пренесете ги топчињата во таа тава за печење. Одозгора премачкајте ги со малку масло и оставете ги да отстојат половина час. Сега подгответе го преливот. Ставете 150 гр маргарин и 150 мл павлака за готвење и 50 мл масло во сад. Комбинирајте го и растопете го сето тоа, секогаш мора да биде млако, кога ќе се прелива врз корите. Кога се ќе се стопи убаво, започнете да ги истегнувате корите.

Посипете брашно на основата на која ќе го работите тестото, а посипете брашно и на корите. Расукајте прво со сукало. Посипете со малку брашно повторно кога ќе забележите дека почнува да лепи. Потоа растегајте ја кората со рака, така да ќе внимавате да не се искине.

Откако ќе ја растегнете кората ќе ја посипете со преливот кој претходно го спремивте. Потоа ќе ја преклопите кората на 1/3 од целата и пак ќе го посипете тој дел со преливот. Па уште еднаш ќе ја преклопите другата 1/3 од кората и пак ќе прелиете. Сега добивте долг правоаголник кој ќе го преклопите уште два пати со тоа што ќе го прелиете со преливот.

Плехот за печење подмачкајте го со преливот. Така стутканата кора ставете ја во плехот и повторно прелијте со преливот. Втората кора се расукува исто како и првата. Првин се расукува малку со сукало во помал круг и се мачка убаво со преливот. Потоа се растега со раце, на крај се преклопува и премачкува како и првата.

Оваа кора се става врз првата во плехот за печење, се туткаат ќошињата кон средината и така целата пита се превртува со дното да дојде одозгора. Сега питата е спремна за печење, се пече на 200 степени, 30 минути. После печењето извадете ја од рерна, покријте со друг плех и оставете 10 тина минути да омекне.

Оваа босанска масленица можете да ја јадете со сирење, кисело млеко, џем, крем…

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!