Овој рецепт ќе ве потсети на старите детски денови. Во минатото беше хит и уште е. Најчесто го има во слаткарниците, а сега можете да го подготвите и дома во само неколку лесни чекори.
Состојки:
- 5 литри вода
- 1 кг шеќер
- 600 гр интегрално брашно од пченка
- 30 гр квасец
Подготовка:
Полијте го пченкарното брашно со топла вода и оставете го да стои еден ден.
- Advertisement -
Следниот ден, варете го околу 2 часа, мешајќи повремено. Кога ќе се излади додадете го квасецот.
Потоа оставете го да стои уште еден ден. Следниот ден процедете и додадете шеќер. Убаво мешајте додека шеќерот не се стопи.
Чувајте ја бозата во фрижидер.
На здравје!