Божиќни колачиња: Мото колачиња полнети со крем!

Вреди да се проба:

Реклама

Рецепт за мали новогодишни колачи кои можат да траат долго, да изгледаат убаво и се многу вкусни.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 1 жолчка од јајце
  • 450 гр брашно
  • 250 гр путер или маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 лажица арома на ванила (или кесичка ванилин шеќер)
  • половина лажичка прашок за пециво
  • 2-3 лажици какао во прав
  • околу 100 гр нутела или еурокрем

Подготовка:

Јајцето и жолчката изматете ги со шеќерот во прав. Додадете арома на ванила или ванилин шеќер. Измешајте се со путер и додадете брашно и прашок за пециво.

Реклама

Полека се додава брашното и се замесува, тестото се дели на два дела и се додава и замесува какаото во едниот дел. Завиткајте го тестото во фолија или во кеса за замрзнување и ставете го во фрижидер најмалку половина час.

Потоа расукајте го тестото и извадете форми од него и од белото и од кафеното како на сликата или по ваша желба можете да користите калапи. Се пече на 180 степени околу 10 минути. Залепете ги со крем, стојат долго, чувајте ги во пластична кутија.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -