Божиќен венец: Леб за среќа, бериќет, к‘смет!

Вреди да се проба:

Реклама

Со оваа погача, лебче, во минато време луѓето го одбележувале мал Божиќ и преку адети го поврзувале лебчето со среќа, бериќет..

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 2 јајца
  • 1 коцка квасец
  • 2 дцл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 дцл масло
  • 1 јајце за премачкување

Подготовка:

Се замесува тесто од брашно, јајца, млеко, шеќер, сол, масло и квасец. Оставете на топло да стаса, па промешајте.

Реклама

Распоредете го тестото на даска посипана со брашно и направете венче од него како на сликата. Обликувајте го тестото по ваша желба, потребно е само тестото да се обликува во круг и да има дупка во средината.

Тестото се остава да одмори околу триесетина минути, се премачкува со изматено јајце, се посипува со сол а може и сусам. Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете го садот за печење со хартија за печење или масло и посипете со брашно. Печете додека да порумени.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -