Бодан дедо (на струмички дијалект) е едно од најпознатите пецива кое често го имало на трпезата.




Денес ретко се подготвува. Рецептот за боден дедо има многу варијации, а овој е еден од најстарите во форма на леб.




Состојки:
За тестото:
- 1 кг брашно
- 1 квасец
- 600 мл. млеко
- 2 жолчки
- 15 лажици масло
- Сол
- Шеќер
- Ким или сусам
За полнење:
- 400 гр сирење
- 1 јајце
- 200 гр путер/ маргарин за премачкување на корите
Подготовка:




Состојките за тестото измешајте ги заедно и оставете да нарасне тестото. Откако ќе нарасне, премесете го тестотои оставете го уште еднаш да нарасне. Потоа ставете го на набрашнета површина и поделете го на 6 дела.




Секој дел обликувајте го во форма на топка, со сукало расукајте ги со големина на една чинија, премачкајте ги со масло (да не е многу мрсно) и оставете околу 15 минути за да ги апсорбира мастите.




Потоа расукајте ја кората (врвовите на прстите) со рака, почнувајќи од средината до краевите, внимавајќи да не се исцепи кората. Кога доволно ќе се растегне се посипува со растопен маргарин или путер, се става филот со сирење, и се замотува од двете страни. Свиткајте ја така кората во форма на полжави и ставете ја во намрсена тава со маргарин.




Постапката се повторува со преостанатите 5 кори, наизменично се редат во плех, се одвојува едно мало парче фил од сирење. Преостанатиот фил измешајте го со остатокот од маргаринот, а со оваа смеса премачкајте ја целата баница.




По целата површина рамномерно избоцкајте го „дедото“ со виљушка, посипете го со ким и сусам по желба. Оставете уште 30 минути да отстои пред да го ставите тестото на печење.




Се пече во загреана рерна на 200 степени додека да добие кора, а потоа намалете ја температурата на 180 и печете додека не биде готово.
Пријатно!