Недела е ден за најблиските, ден за семејството. Нешто што го поврзува семејството е токму заедничкиот неделен ручек. Направете богат и сочен ручек.
Состојки:
- 1 кг говедско филе
- 125 мл теријаки сос
- 125 мл црвено вино
- 2 чешниња лук
- 110 гр сино сирење, распарчено
- 5 лажици мајонез
- 150 мл крем кисела павлака
- 1 и ½ лажичка Ворчестер сос
Подготовка:
Ставете го телешкото месо во сад. Измешајте сос од теријаки, црвено вино, лук. Промешајте и прелијте го месото. Оставете да се маринира месото во фрижидер 30 минути до 1 час. Загрејте ја рерната на 230 степени.
Ставете го месото во сад за печење а потоа во загреана рерна. Печете околу 15 минути. Намалете ја температурата на 180-190 и печете уште 40 минути или до посакуваниот степен на печење. Оставете го месото да одмори 10 минути откако ќе го извадите од рерна.
За да го подготвите сосот со кој ќе го прелиете печеното месо, загрејте ја тавата на средна топлина. Во неа ставете и измешајте сино сирење, мајонез, кисела павлака и Ворчестер сос. Измешајте се добро додека не се изедначи. Послужете го месото прелеано со сосот.
Добар апетит!