За сите љубители на месо, ви даваме предлог за одличен семеен ручек со јагнешко месо. Во млекото, јагнешкото ќе добие нов, целосно сочен вкус, а компирот дополнително ќе го заврши јадењето.
Овој вкусен и силен оброк е идеален избор за семејна прослава или собир на пријатели. Друга предност е тоа што е многу лесно да се подготви. Уживајте!
Состојки:
- 2 кг јагнешко месо
- 2 литри млеко
- 2 кг компири
- сол, бибер, магдонос
Подготовка:
Подгответе го месото со одвојување на истото од коските. Ставете сад и истурете го млекото. Нема потреба да се покрива со капак, за да не зоврие млекото. Така јагнешкото во млеко гответе го околу еден час.
Додека готвите, исечете ги компирите и наредете ги на дното на плехот за печење. Вареното јагнешко месо наредете го врз компирот, додадете зачини по вкус, а потоа прелијте го со млекото во кое се готвеше. Печете во рерна покриена околу еден час.
Оставете да се пече последните неколку минути без капак.
Најдобро е да се јаде топло јагнешко месо.
Пријатно!