Никој нема да може да одолее на чоколадна торта чиј кремаст фил се топи во вашата уста.




Ако ви треба одличен рецепт за раскошна торта со богат вкус што се прави брзо и лесно, тогаш мора да го пробате овој. Чоколадните кори и кремастиот фил го прават неодолив, а оревите и лешниците само го подобруваат вкусот. Можете да го подготвите како роденденска торта, но и како десерт за слава.
Состојки за кора:
- 170 гр лешници
- 10 гр прашок за пециво
- 30 гр презла
- 150 гр шеќер
- 6 јајца
- 40 гр какао
За фил:
- 600 мл слатка павлака
- 70 гр чоколадо
- 100 гр шеќер
- 10 г ванилин шеќер
За декорација:
- 70 гр чоколадо
- 70 гр ореви




Подготовка:
Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ги мелените лешници, какаото, прашокот за пециво и презлата. Добро измешајте со шпатула. Белките изматете ги со прстофат шеќер и додајте ги во првата смеса, па соединете.




Истурете ја смесата во калап со дијаметар од 20 см обложен со хартија за печење.
Печете на 180 ° C околу 30 минути. Поделете ја кората на 2 дела.




Изматете ја слатката павлака со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете сечкана чоколада и промешајте. Прелијте врз едната кора. Ставете во фрижидер половина час. Потоа издробете ја втората кора и измешајте со мелените ореви и сечканото чоколадо. Прелијте одозгора со филот.




Пријатно!