Овој сладок омлет може да го јадете во секој дел од денот, а во комбинација со свежо овошје, шлаг или, пак, чоколадо ќе добиете незаборавно слатко задоволство…




Потребни состојки за омлет:
- 3 јајца
- 100 гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 50 гр. нишесте
- рендана кора од портокал
Потребни состојки за прелив:
- 3 лажици џем од портокали или смокви
- 1 портокал




Подготовка:
Во еден сад ставете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер и пенесто изматете ги.
Потоа додадете го нишестето и убаво измешајте.




Белките изматете ги во густо шне и додадете ги во смесата со жолчки. Потоа додадете ја и изренданата кора од портокал. Полека измешајте.
Подготвената смеса сипете ја во округла тава за печење со дијаметар од 26 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 15 минути.




Џемот помешајте го со сокот од портокал и ставете го на тивко малку да се загрее за да се растопи убаво и да добиете хомогена смеса.
Печениот сладок омлет малку изладете го, исечете го на парчиња и послужете го прелиен со преливот од џем и сок од портокал.




Слаткиот омлет можете да го послужите со свежо овошје, шлаг или, пак, чоколадо.
Добар апетит!