Благи тостерки – Добро познатиот стар рецепт со совршен вкус кој никако не се забрава…

Вреди да се проба:

Реклама

Ова е еден од најомилените рецепти што секоја домаќинка со сигурност го има во тефтерот за рецепти. Вкус кој буди спомени од детските денови. Толку се вкусни и едноставни за подготовка што ќе посакате веднаш да ги направите.

Состојки:

  • 250 гр. маргарин
  • 200 гр. шеќер
  • 800 гр. брашно
  • 120 мл. млеко
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 јајца

Упатство:

Сите состојки измешајте ги додека да добиете убава хомогена смеса. Можете да матите со метална маталка или со миксер и маталки за тесто.

Реклама

Може да ги правите на обичен тостер, со тоа што од тестото со лажичка се вадат мали топченца, колку орев. Се ставаат топчињата смеса на тостерот и се тостираат.

Доколку ги правите во апарат за вафли, тогаш со лажица ставете од смесата колку да се пополни калапот и тостирајте.

Реклама

Печете околу 5-6 минути и извадете ги кога малку ќе поруменат.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -