Бела салата: Одлична за прослави, мезе па и за лесна вечера!

Вреди да се проба:

Белата салата е братучедка на салата од мимоза. Одлично служење е за прослави, мезе, и лесна вечера.

Состојки:

  • 3-4 поголеми компири
  • 200 гр мајонез
  • 150 гр шунка
  • 300 гр крем сирење
  • 3 јајца
  • 2 x 180 гр павлака
  • 100 гр сирење

Подготовка:

Сварете ги компирите, извадете ги од водата и изладете ги малку. Варете јајца, излупете и изладете. Изрендајте ги компирите на дното на садот рамномерно и додадете малку сол. Покријте го компирот со мајонез.

- Advertisement -

Над мајонезот изрендајте шунка. Распоредете го крем сирењето рамномерно преку шунката. Изрендајте јајца над крем сирењето. Распоредете ја павлаката рамномерно над јајцата. На крајот изрендајте сирење над се. Чувајте ја салатата на ладно додека не ја сервирате.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!