БЕЛА БАЈАДЕРА: Подготвена за помалку од 30 минути!

Вреди да се проба:

Одушевувачко задоволство подготвено за помалку од половина час! Слатки закуски на кои никој не може да им одолее.

Состојки:

  • 200 мл вода
  • 300 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр кокос

Подготовка:

- Advertisement -

Измешајте вода и шеќер, па ставете ја смесата на оган. Кога ќе зоврие, додадете сецкан маргарин и мешајте додека не се растопи маргаринот.

Тргнете го од оган кога маргаринот ќе се стопи, а потоа додадете кокос и бисквити и соединете ги состојките со мешање.

Во мал калап, 20 х 15 см, истурете ја смесата преку фолија и израмнете ја, па оставете ја во фрижидер преку ноќ да се стегне.

Кога колачот ќе се олади и затегне, извадете го со фолијата на плех, исечете го на парчиња и посипете со кокос.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!