Реклама
Доколку сакате да го истакнете вкусот на месото приготвено на скара, тогаш подгответе ја оваа салата и уживајте во извонредниот вкус!




Состојки:
- 500 гр. сирење
- 200-250 мл. кисела павлака
- половина страк праз
- 1 главица кромид
- 2 лажички сенф
- 4 чешниња лук
- малку лук во прав
- лажичка буковец
- сол
- црн бибер
- 1 лута пиперка (по желба)
- 2 лажички ајвар
- малку чили сос




Начин на подготовка:
Измешајте го сирењето со киселата павкала, убаво изгмечете ги со виљушка. Додадете ги лукот, кромидот и празот, ситно сецкани. Убаво измешајте и додадете ајвар заедно со зачините буковец, лук во прав, сол и бибер.
Реклама




Ставете во смесата ситно сецкана лута пиперка и многу малку од чили сосот. Убаво промешајте да се изедначи смесата и оставете ја во фрижидер добро дасе олади.




Сервирајте со печено месо на скара.
Реклама
Добар апетит!