Баница е традиционално пециво. Се состои од виткано или распоредено во слоеви кори со фил. Најчесто се пече во рерна.




Има разновидни филови – претежно сирење или урда, со или без додавање јајца. Баницата може да се направи со зеленчук, месо и овошје.




Состојки:
- 500 гр брашно
- 100 мл масло
- 5 јајца
- 10 мл. оцет
- 250 гр сирење
- 1 прстофат сол
- 200 мл. вода
Подготовка:




Брашното просејте го двапати, па додадете јајце, оцет и млака вода за месење тесто. Тестото поделете го на 15 топчиња. По половина час секое топче расукајте го во тенка кора со пречник од околу 15 см.




Корите посипете ги со масло, освен две. Од 7 кори се расукува една голема кора која се става во подмачкан плех така што рабовите ќе бидат надвор од плехот. Овој слој се посипува со фил направен од издробено сирење и изматени јајца.




Од преостанатите 8 кори се расукува втората голема кора, која се витка преку филот. Краевите надвор од плехот намотајте ги по должината на работ на плехот. Баницата попрскајте ја со преостанатото масло печете на умерено висока температура додека не порумени. Готовата пита попрскајте ја со ладна вода и спокријте ја со крпа до сервирање.
Пријатно!