Банана сплит печена скара – превкусен ароматичен десерт!

Вреди да се проба:

Реклама

Банана сплит е еден од најпознатите десерти во рестораните. Превкусен е, но поретко достапен. Затоа ви го подготвивме овој рецепт.

Со малку труд ќе може да си го приготвите овој вкусен и луксузен десерт во вашиот дом.

Реклама

Потребни состојки:

  • 8 банани
  • 300 гр кафеав шеќер (+ за посипување)
  • 100 гр чоколадни трошки
  • 80 гр природно какао
  • 15 гр инстант кафе
  • 200 мл блага хопла
  • 100 мл темен рум
  • 3 парчиња ѕвездест анасон
  • 1 стапче цимет
  • сладолед за сервирање

Начин на подготовка:

Реклама

Во тенџере измешајте 2 литри вода, 200 гр шеќер, стапче цимет и анасон. Оставете да зоврие, а потоа тргнете го од оган и додадете го румот.

Излупените банани се ставаат во садот со вода, нивните лушпи се зачувуваат. Бананите се оставаат во садот со вода околу 4 часа. Потоа се отстрануваат и се зачувува ароматичната течноста.

Какаото, преостанатиот шеќер, кафето, хоплата и чоколадото се мешаат во 200 ml зачуваната ароматична течност. Смесата се готви на многу тивок оган додека не се добие густ сос. Тој се повлекува од огнот.

- Advertisement -

Посипете ги бананите со шеќер, се ставаат во излупените лушпи и се печат на многу загреана скара, се додека шеќерот не почне да се карамелизира.

Се послужува со сладолед и прелив од топлиот ароматичен сос.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -