Постојат многу видови на баклава, но во оваа ќе се заљубите веднаш!




Состојки:
- 500 гр кори за баклава
- 200 гр мелени печени лешници
- 200 гр чоколадо за готвење
- 250 гр маргарин или путер
- 1 л вода
- 500 гр шеќер
- 1/2 лимон




Подготовка:
Прво подгответе ја смесата кој аќе биде фил од рендано чоколадо и мелени печени или непечени лешници. Стопете го маргаринот или путерот во еден сад. Сега почнете да ги подготвувате корите. Ставете една кора напрскајте ја со стопен маргарин, потоа ставете уште една и одозгора попрскајте со маргарин и со смесата која е фил, потоа завиткајте ја кората.




Подмачкајте плех за печење со малку од тој стопен маргарин. Вака повторете ја постапката со сите кори и сите состојки до нивно потрошување, и потоа наредете ги готовите кори во плех за печење.




Загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ги на 200 степени 10 минути, а потоа намалете ги на 150 степени и печете ги додека не поруменат. Додека се пече баклавата, подгответе го сирупот за прелив.




Истурете 500 гр шеќер, 1 л вода во голем сад и исцедете сок од половина лимон. Оваа мешавина сварете ја и кога ќе се испече баклавата, извадете ја од рерна и прелијте ја со врелиот сируп, шербетот. Оставете го да отстои еден час, така што ќе го апсорбира целиот сируп.




Уживајте!