Бакардан или КАЧАМАК – Подготвен на македонски начин!

Вреди да се проба:

Реклама

Денес се одлучивме за едно традиционално македонско јадење – бакардан, пошироко познат и како качамак. Качамак или бакардан е вид на традиционално јадење кое обично се прави од пченкарно брашно.

Ова е рецепт за вкусен бакрдан подготвен на Македонски начин. Уживајте во овој прекрасен и стар македонски рецепт.

Реклама

Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисело млеко, свинско месо и кајмак.

Состојки:

  • 500 гр пченкарно брашно
  • 1 литар вода
  • 1 кафена лажичка сол
  • малку масло за готвење 50 мл
  • 200 гр сланина
  • 400 гр свинско месо
  • вегета
  • суви пиперки (по желба)
  • малку сирење (на крај по желба)

Приготвување :

Во пошироко тенџере, со нелепливо дно, ставете ја водата да зоврие и додадете ја солта. Откако водата ќе зоврие, се намалува шпоретот на најниска температура (како за готвење на пареа) и на средина се истура брашното.

Реклама

Важно е тоа да се истури на едно место, на куп. Најдобро би било да го ставите во сад, па од сад наеднаш да истурете на средина во тенџерето со зовриена вода.

Со дрвена лажица или сукало се прават неколку дупки во брашното. Забодете ја рачката неколку пати во брашното, така да пропадне до дното. Водата ќе почне да врие и да излегува низ дупките што ќе ги направите во брашното.

Оставете да се вари на ниска температура околу 45 минути до 1 час без промешување.

- Advertisement -

Потоа, по 1 час готвење тргнете го од оган. Поголем дел од водата веке ќе е извирена и смесата треба да е згустена, па со дрвено сукало или дрвена лажица со кружни движења разбркајте го качамакот.

Во тавче без масло ставете ја сланината исечкана на ситни коцки и пропржете ја. Ако сакате можете да додадете и исечкани суви пиперки, па да ги запржите и нив.

Во тавчето каде ги пржите сланината и пиперките, додадете малку маст и ставете малку да се загрее на оган. Во мегувреме, месото исечете го на мали коцки.

Кога ќе се загрее маслото истурете го месото и пржете го. Додадете ги зачините и пржете додека месото да зарумени и добро да се испржи. Тргнете го од оган и извадете го месото во чинија, а маслото го оставаме во тенџерето.

Се зема едно плехче за печење и се попрскува со остатокот маснотии од сланината. Потоа постепено се истура сваениот качамак.

Земете обична лажица и потопете ја во маслото, со неа се сема од добро промешаниот бакардан и се става во плехче за печење. Повторувајте ја постапката се додека има бакардан.

Откако ќе го ставите во плехче за печење целиот качамак, одозгора додадете ја пропржената сланина заедно прженото месо. По ваша желба и вкус може да додадете и малку сиренце на крај.

На крај, потпече во рерна колку да зарумени.

Сервирајте со сува пиперка и чаша јогурт или кисело млеко.

Оваа доза е доволна за 4-5 луѓе.

Добар апетит !

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -