Вкусот и мирисот на ова топло лебче е толку незаменливо, а е многу едноставен и по состојките и по брзиот начин на подготовка.




Ова е многу стар и наједноставен рецепт, кој се приготвувал уште од нашите прабаби.
Состојки:
- 500гр. брашно
- 1/2 филџан масло
- 1лажичка сода бикарбона
- 1лажичка сол
- 1/2 лажичка шеќер
- по потреба топла вода




Припрема:
Во длабок сад ставете ги сите состојки и со топла вода замесете средно меко тесто, (како за секоја погача).




Во округло плехче (или калап со обрач) ставете масло и премачкајте. Замесеното тесто ставете го во плехот и со раце размесете го низ целиот плех. Потоа свртете го од другата страна и уште малку умесете го.
Со помош на вилушка украсете го лебчето и оставете да отстои додека се загрее рерната на 200 степени.




Откако ќе се загрее рерната до оваа температура ставете го да се пече се додека убаво не зарумени.
Добар апетит!