Бавно печен МАРИНИРАН КРОМИД: Вкусната арома ќе ви ја наводени устата!

Вреди да се проба:

Реклама

Овие маринирани бавно печени кромиди добиваат мека и кремаста внатрешност и се карамелизираат однадвор, печени во сос од вински оцет, кафеав шеќер и зачини. Најдобро ако е маринирано преку ноќ. И не ви треба посебна пригода за да ги направите.

Состојки:

Маринада:

Реклама
  • 1 чаша вода
  • 1 чаша оцет вински
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажиче свеж рузмарин исецкан
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 лажиче црн пипер
  • 4 големи бели или жолти кромиди
  • магдонос

За печење:

  • 4 лажици путер/маргарин
  • 1 лажиче свеж рузмарин сецкан

Подготовка:

Измешајте ги состојките од маринадата во мал сад и истурете во сад за печење што ќе ги собере сите 8 половини кромид, во зависност од големината на кромидот.
Исечете го крајот на кромидот и исечете го хоризонтално заедно со лушпата која ќе го заштити при печење и ставете ја широката страна надолу во маринадата. Маринирајте преку ноќ покриено во фрижидер.

Реклама

Загрејте ја рерната на 200 степени Ц. Превртете го кромидот во маринадата и легнете го на другата страна. На површината на секој кромид ставете по едно парче маргарин или путер и посипете одозгора врз целиот кромид со исецканиот рузмарин.

Печете ги откриени во рерна 1 час или додека не поруменат и свртете ги еднаш или двапати за време на печењето. Извадете го од рерна кога е готово и со лажица посипете со сосот врз кромидот и посипете го со сецкан магдонос или повеќе свеж сецкан рузмарин. Пред јадење отсранете ја лушпата.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -