Бавно печени свински ребра во фурна: Подготвени во богат сос од мед, сенф и кечап!

Вреди да се проба:

Ова е рецепт за најсочните ребра од фурна, кревко месо погдотвено во богат сос. Месото се топи во уста!

Состојки:

  • 1,5  кг свински ребра
  • 8 лажици мелен црвен пипер
  • 1/2 лажички мелен црн бибер
  • сол
  • 50 мл. мед
  • 100 мл. кечап
  • 2 лажици. сенф

Начин на подготовка:

Ребрата од свинско месо се зачинуваат со сол и бибер, а потоа обилно се попрскува со благ мелен црвен пипер (8 лажици).

- Advertisement -

Секое парче ребро цврсто се завиткува во алуминиумска фолија и ребрата се ставаат во плех за печење. Печете ги со фолија околу два часа на температура од 150 степени. Откако ќе поминат два часа се вадат од рерна и им се отстранува фолијата.

Се подготвува богат сос од кечап, течен мед и сенф. Свинските ребра се премачкуваат со сосот, се враќаат во плехот и се ставаат во рерна без фолија, да се допечат уште еден час на 180 степени.

Послужете ги додека се топли.

Пријатен апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!