Денес ќе ви откриеме еден стар рецепт од нашите баби, која е тајната за подготовка на домашно сирење.




Еве како да го направите најдоброто сирење во домашни услови. Го обожаваат сите и стари и млади…
Состојки:
- 5 литри варено млеко
- 2 лажици алкохолен оцет
- 1/2 л сириште (замена може со јогурт)
- половина лажица сол




Подготовка:
Сирењето се прави со варено млеко од 5 литри, со тоа што се остава млекото да зоврие.
Потоа се додава сириштето и 2 лажици алкохолен оцет, потоа се продолжува да се загревате се додека не почне да се формира сурутка.




Се намалува огнот на ниска температура и се готви од 5 до 10 минути за да го направите да почне да се стврднува.
Изладете ја смесата да биде средно топла (полумлака) и додадете ja солта.
Се меша со бавни движења кон рабовите на садот. Се остава околу еден час да се засири млекото.




Истурете го засиреното млеко во газа и почнете со цедење на сирењето. Врaтете ја газата за да можете убаво да ја исцедите сурутката. Се остава во калап или во сито.
Кога ќе се стврдне, се става да се доцеди и да отстои на ладно 24 часа.




Подготовка на пресол:
За приготвување на пресолот можете да се искористи сурутката од самото сирење и по потреба да се додаде вода. Во зависност од количината на течноста за пресолот, се додава едра сол.




Готовото сирење се чува во пресол на температура околу 16°С , или во фрижидер.