Природата е наш најдобар сојузник кога е здравјето во прашање, а тоа е така и во во процесот на слабеење.




Порано бабите имаа докажано народни лекови за слабеење кои позитивно влијаат на метаболизмот, варењето, го намалуваат апетитот и поттикнуваат топење на масните наслаги, а вие можете да ги пробате денес.
Еве неколку стари рецепти за слабеење на природен начин, кои ги користеле нашите баби:




Свила од пченка
Во шолја врела вода, натопете една лажица сушена пченкарна свила, оставете да отстои 5 до 10 минути. Во текот на денот потребно е да се испие околу 3 шолји од овој чај пред оброк.
Јаболков оцет
Дури и истражувањата докажуваат дека јаболковиот оцет ги топи мастите и го забрзува метаболизмот, што е совршена комбинација.
Во чаша вода ставете една лажичка оцет и земете ја пред појадок. Ова не е највкусна навика, но дава видливи резултати. Јаболков оцет не треба да се зема ако имате стомачни проблеми.




Целер
Растение за кое се вели дека има негативни калории. Што значи тоа?
Тоа значи дека за време на варењето согорувате повеќе калории отколку што сте внеле со конзумирање. Излупете го и исечкајте свежиот целер, а потоа консумирајте го како здрава ужина.




Црн ким
Источните народи веруваат дека црниот ким ја спречува дебелината, а можете да го користите во разни печива и салати. Одличен е за варење, метаболизам и намалување на надуеноста.
Мед и цимет
Секое утро, половина час по појадокот и навечер пред спиење, се препорачува да се раствори една лажичка мед и цимет во шолја со топла вода и да се испие напитокот.
Освен што позитивно влијае на дигестивниот систем, оваа комбинација на намирници е добра и за имунитетот, има пријатен вкус и го намалува ризикот од настинка.




Важно е да знаете дека овие домашни лекови за слабеење нема да ви помогнат да ослабете преку ноќ, туку ќе го стимулираат процесот на слабеење и ќе го забрзаат посакуваниот резултат.
Затоа е неопходна урамнотежена исхрана, но и физичка активност. Со нив овие природни лекови ќе бидат вистински двигател за топење на масните наслаги.