Сланина, пилешко, пиперки … Се што сакате е таму…




Состојки за тестото:
- 400-500 гр брашно
- 20 гр квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 250 мл свежо млеко
- 2 лажици масло
Состојки за филот:
- 1 кг свинско или пилешко
- 200 гр сланина
- 3-4 главици кромид
- 4 црвени печени пиперки
- 400 гр печурки
- 3-4 лажици соја сос
- малку црвен пипер
- малку бибер
- 100 гр сирење
Подготовка:
Промешајте го квасецот во топло млеко и шеќер. Ставете го квасецот во брашното и замесете меко тесто од наведените состојки. Почекајте да нарасне, додека не се удвои.




Направете го филот така што ќе загреете масло во длабока тава. Исечете го месото на коцки и пржете. Додадете ситно исечкана сланина, потоа кромид и печурки. Кога ќе омекнат, додадете печени пиперки, соја сос и зачини.




Гответе го филот додека и оставете да се излади. Замесеното тесто, размесете го и наредете го дното и околу sидовите на плех со дијаметар од 26-28 см. Премачкајте убаво со растопен путер и оставете да нарасне 15-20 минути.




Истурете го филот одозгора и печете во рерна на 200 степени околу 35 минути. На крајот, посипете со рендано сирење. Вратете се во рерна неколку минути, само за да се стопи сирењето.




Уживајте!