Кифличките со вкус на лук имаат една супер финта, задолжително пробајте го овој рецепт!




Меки како најдобриот египетски памук и мирис кој потсетува на Италија! Тајната е во тоа што тие всушност се подготвуваат без лук, а еве како … Наш совет е да ги послужите со прилог од месо!
Состојки:
- 1 кг брашно
- 400 мл јогурт
- 100 мл млеко
- 4 лажички сув квасец
- 2 лажички сол
- 1 лажица шеќер
- 75 мл масло
- 4 чешниња лук
- 1 јајце
За подмачкување:
- 1 жолчка од јајце
- ким или сусам
- 50 гр маргарин
Подготовка:




Исечкајте го лукот, па потопете го во јогуртот и оставете го во фрижидер најмалку половина час. Извадете го лукот од јогуртот и фрлете го, а јогуртот загрејте го додека не стане млак.




Измешајте го квасецот со млако млеко, шеќер и една лажица брашно. Нека нарасне. Брашното измешајте го со солта, па додадете го преостанатиот квасец, маслото, јајцето и јогуртот (во кој имаше лук) и замесете мазно тесто. Тестото премачкајте го со масло и оставете го да стаса.




Кога смесата ќе се удвои, промешајте ја и оставете да отстои уште малку. Тестото поделете го на топчиња и од секое направете кифличка. Наредете ги во тавче подмачкано со масло и оставете ги повторно да нараснат. Кифличките премачкајте ги со жолчка, посипете со ким и на секоја ставете по едно парче маргарин. Се пече во рерна на 180 ° C додека не порумени.




Пријатно!