Ала Карбонара: Рецепт за кремаста тестенина со сланина од рерна!

Вреди да се проба:

Кремаста, печена карбонара се подготвува без премногу компликации, а единствено треба да внимавате да не ги преварите тестенините.

Состојки:

  • 5 лажици путер
  • 4 лажици брашно
  • 2 чаши млеко
  • 2 чаши рендан пармезан + за посипување
  • 2 големи јајца
  • 150 гр сланина
  • 220 гр тестенини
  • сол и црн пипер

Подготовка:

Исечете ја сланината на парчиња и пржете ја во тава додека не стане крцкава, па извадете ја на хартија. Гответе ги тестенините, но не ги варете премногу. Нека останат само малку потврди . Загрејте ја рерната на 185 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Ставете го путерот во тава и кога ќе се стопи додадете го брашното и измешајте 2 до 3 минути, а потоа додадете го млекото мешајќи да не се формираат грутки. Кога ќе се згусне, додадете сол и бибер, потоа тргнете го од оган и постепено мешајте го во него пармезанот додека не добиете мазен сос.

Истурете го сосот врз тестенините и промешајте. Оставете ја смесата да се излади, околу 10 минути. Промешајте јајца, парчиња сланина и зачинете со сол и црн пипер. Истурете ја смесата во сад за печење и посипете со повеќе пармезан и преостаната сланина.

Печете ја смесата 20 до 25 минути или додека смесата не стане густа, кремаста и малку кафеава одозгора. Извадете ја тавата од рерна и почекајте 10-тина минути пред да ја послужите.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!