АКО САКАТЕ ПИЦА, ОВА Е БРЗА И МНОГУ ВКУСНА АЛТЕРНАТИВА: Идеален предлог за појадок или вечера – готов за 15 минути!

Вреди да се проба:

Реклама

Направете оброк за вашето семејство или за себе од состојките што веќе ги имате во фрижидерот – и тоа ќе биде совршено вкусно!

Состојки:

  • 12 парчиња леб (утврдете ја количината што ви одговара)
  • 300 гр домашно кравјо сирење
  • 150 гр кашкавал
  • 3 јајца
  • 2 лажици лут ајвар
  • 150 гр сувомеснато
  • оригано

Подготовка:

Ставете го сирењето во подлабок сад, па добро смачкајте го со вилушка, или изрендајте го грубо. Додадете три јајца, измешајте со вилушка, а потоа грубо изрендајте го кашкавал.

Реклама

Сувомеснатото исечено на коцки (што и да имате) исечете го на коцки, па додадете во смесата со јајца и сирење.

Додадете ајвар и оригано (додадете повеќе зачини што ви се допаѓаат) и добро измешајте. Додадете сол по вкус, но проверете дали сирењето било солено.

Реклама

Вклучете ја рерната да се загрева на 180 C. Наредете го лебот во плех за печење, над хартија за печење. Нанесете количина од филот на секое парче леб. Ставете да се пече, околу 15 минути. Послужете топло.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -