На овој начин ќе го подготвите највкусното пилешко и компири од рерна.




Доколку немате идеја што да подготвите за вашиот ручек, ви предлагаме пилешко и компири од рерна, но не како што обично подготвувате. Ова јадење се приготвува како мусака и има сличен прелив, само што е прелиен со рендано сирење што го прави крцкаво. Послужете со салата.




Состојки:
- 5 компири
- 800 гр пилешко филе
- 2 јајца
- 200 мл крем за готвење
- 150 гр тврдо сирење
Подготовка:




Компирите сварете ги но не многу за да не се распаднат, а месото исечкајте го на коцки, па пржете го малку на масло околу 10 минути. Зачинете со сол и бибер.




Исечете ги компирите по желба, па ставете ги во тавче и одозгора додајте го месото. Изматете ги јајцата со кремот за готвење и зачинете. Потоа прелијте ги месото и компирот, па сето тоа посипете го со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 35 минути.




Пријатно!